Доминик Стилхарт, директор за операции на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), зборуваше денес на Би-Би-Си Радио 4, каде беше запрашан што не е во ред со таканаречените хуманитарни коридори.
Тој рече дека тие разговарале со двете страни „со денови“, но остануваат проблемите со потврдување на деталите од каков било договор за прекин на огнот – да се дозволи цивилите да излезат од бомбардираните градови.
Стилхарт рече дека предизвикот е двете страни да постигнат договор кој е „конкретен, активен и прецизен“.
Тој додаде дека досега имало само договори „начелно“, кои веднаш се расипале бидејќи немале прецизност, во однос на рутите и кој може да ги користи.
Илустрирајќи ја својата поента, тој рече дека дел од персоналот на МКЦК се обидел да излезе од Мариупол по договорената рута во неделата, но набрзо сфатил дека „патот што им е посочен е всушност миниран“.
„Затоа е толку важно двете страни да имаат прецизен договор за потоа да можеме да го олесниме тоа на терен“, додава тој.