Балкан

Црвен метео аларм за Србија, снегот го покри Белград (ФОТО)

Снегот на Балканот интензивно паѓа повеќе од 24 часа, кој предизвика проблеми во сообраќајот на повеќе патни правци. Снежната покривка се очекува да продолжи и денес. Во поголемиот дел од Србија во сила е црвен метео аларм, поради очекуваните нов снежни врнежи, пред се во јужните, централните и западните делови на земјата.

Формираната снежна покривка е со дебелина меѓу 15 и 30 сентиметри, а наместа достигнува и до 40 сантиметри, што предизвикува проблеми во одвивањето на сообраќајот, псобно во планинските подрачја.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни