Согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), Центарот за управување со кризи (ЦУК), превентивно апелира и препорачува на граѓаните во Велешко да избегнуваат локално движење покрај и во суводолици и други стари корита на вода, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови.
Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор во Велешко, со силно локално невреме, постои голема можност да биде голема и опасна по околината таму каде што ќе зафати поројониот дожд што се предвидува да падне во втората половина на денот, особено во доцните попладневни часови.
Според официјалните информации од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во подрачјето на Јакупица се формирала нестабилна облачна маса што се поместува кон исток во нашата држава и се очекува подрачјето на Велес да биде зафатено од невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи и силен ветер.