Свет

Турција во пламен, се огласи Ердоган: Подигнавме 27 авиони, 105 хеликоптери…

Турција во пламен, се огласи Ердоган: Подигнавме 27 авиони, 105 хеликоптери…

„За да ја заштитиме нашата „Зелена татковина“, моментално сме во готовност дење и ноќе со 27 авиони, 105 хеликоптери, речиси 6.000 копнени возила, 25.000 храбри шумари и 132.000 волонтери“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во објава на социјалната мрежа X, Ердоган додаде: „Турција води голема борба против шумските пожари, и од воздух и од земја“.

Тој исто така го изјави следново:

„Нашето Министерство за земјоделство и шумарство, како и сите надлежни институции, под координација на Дирекцијата за вонредни ситуации (AFAD), продолжуваат да работат без прекин, со голема грижа, посветеност и жртва. Од почетокот на летото успеавме целосно да изгасиме 3.062 пожари“.

Ердоган изрази благодарност до сите херои кои ги вложуваат своите срца и несебично работат за гаснење на пожарите кои се уште се активни во различни делови од земјата, со надеж дека наскоро ќе дојдат добри вести.

„Нека Бог им даде успех во нивната работа и им изразувам посебна благодарност на секој од нив.“

Тој исто така рече:

„За сите наши браќа кои загинаа борејќи се со пожарот, уште еднаш го молам Бога за милост. Нека нивните души почиваат во мир.“

Апокалиптични сцени од Турција: Илјадници хектари во пламен, повеќе од 1.300 луѓе евакуирани

За само неколку часа, неконтролиран пожар претвори илјадници хектари шума во пепел во северозападна Турција, додека повеќе од 1.300 луѓе се евакуирани од своите домови. Пожарот, кој избувна во саботата попладне во областите Кестел и Гурсу, брзо се шири поради силните ветрови и сушата, загрозувајќи ги населбите и инфраструктурата во покраината Бурса.

Небото е потемнето од густ чад, пожарот се приближи до автопатот Бурса-Анкара, а сообраќајот е прекинат поради намалена видливост. Селата Карахидир и околните области се евакуирани, додека очевидци пријавија експлозии во локалните каменоломи.

Десетици противпожарни возила, хеликоптери, авиони, волонтери, па дури и локални земјоделци со сопствена механизација се вклучени во гаснењето на пожарот. Владата започна истрага за причините, а првичните проценки укажуваат на можна човечка небрежност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни