Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денес објави дека во голема операција спроведена во Адана и шест други турски провинции, запленети се 825 килограми наркотици и уапсени се 30 осомничени членови на организирана криминална група.
Операцијата, која беше спроведена во координација со Обвинителството и Генералната дирекција за борба против наркотици, ја спроведе специјална единица за борба против наркотици, објави денес турскиот портал ТРТ Хабер.
Покрај наркотици, во операцијата беа запленети и неколку нелегални оружја и дигитални уреди.
Турција: Запленети 825 килограми наркотици, уапсени 30 лица