ТВ21 дојде до неформален записник на СДСМ во кој се наведени причините за и против предвремени избори

Владејачката СДСМ вечерва ќе одржи Извршен одбор на кој најважната точка ќе биде дали да се прифати фрлената ракавица од ВМРО-ДПМНЕ да има предвремени парламентарни избори. Членовите на ИО со поделени мислења.

Дел се за, други против да има предвремени парламентарни избори. ТВ21 дојде до неформален записник во пресрет на состанокот на ИО на СДСМ во кој се наведени дел од причините за и против предвремени парламентарни избори. Како причини за позитивен исход на евентуалните избори во корист на СДСМ се наведени општественото задоволство, но и поголемото задоволство на граѓаните како и подобриот живот.

Во делот кај посебни придобивки од евентуални избори стои дека такво нешто нема да има. Во делот за негативни влијанија за исходот на изборите се наведени промената на името, амнестијата, законот за јазици, лозарите, но од работата или неработата на дел од функционерите на ДУИ. На ова СДСМ гледа како нешто во што е вложен голем напор, а кое нема да им донесе гласови плус.

Друга работа која предвремени парламентарни избори нема да им ја обезбеди е поголем број на пратеници, односно се разлива и така тесното 2/3 мнозинство кое сега го имаат. Заклучокот на крајот на ИО треба да биде дека на избори треба да се оди кога тие како партија ќе одлучат, односно кога ќе биде создадена атмосфера дека ќе “газат”.

Во забелешките стои и дека ВМРО-ДПМНЕ не е во најдобра “форма”, но е сепак партија која може да собере голем број на гласови. Ова се само дел од забелешките кои ТВ21 успеа да ги дешифрира од неформалниот записник во пресрет на состанокот на ЦО на СДСМ.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното