Македонија

ТВ21: На VAKCINACIJA.mk ќе се пријавуваме за вакцини

VAKCINACIJA.mk е веб страницата преку која ќе може да се пријавуваме за вакцина против коронавирус, дознава ТВ21.

Веб стрницата е со наслов Апликација за искажување заинтересираност за вакцинација против вирусот COVID-19.

Веб страницата според најавите на Министерството за здравство треба да започне со работа утре.

Ќе може да се пријават сите граѓани, а потоа ќе се утврди приоритетот со помош на системот „Мој тремин“.

Имунизацијата во Македонија ќе започне со кинеските вакцини веднаш што пристигнат, а се очекува и пратката од Фајзер.

Од кинеската Синофарм очекуваме 200.000 вакцини со кои ќе може да се услужат 100.000 граѓани.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни