Свет

Твитер ќе го блокира профилот на Канје Вест

Твитер ќе го блокира профилот на Канје Вест

Сопственикот на „Твитер“ Илон Маск најави дека  ќе биде блокиран профилот на пејачот и музички продуцент Канје Вест .

Причината е прекршување на правилото за забрана на поттикнување насилство на социјалната платформа. Ова беше втор ваков прекршок.

Пред една недела Илон Маск објави делумна „амнестија“ на блокираните корисници. Оваа одлука ја донел по анкетата на неговиот профил во која 72 отсто гласале „Да“.

„Твитер“ го врати и профилот на американскиот претседател Доналд Трамп , кој беше симнат на 6 јануари 2021 година, по немирите во Капитол.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни