Социјалната мрежа Твитер по тест фаза воведе копче кое им овозможува на платените корисници во неколку земји да ги уредуваат своите твитови, пренесе Франс прес.
Претплатниците на услугата Twitter Blue во Австралија, Канада и Нов Зеланд, кои плаќаат по 5 долари месечно, ќе можат да уредуваат твит до пет пати во рок од 30 минути од неговото објавување. Историјата на уредување ќе биде достапна и иконата со пенкало ќе покаже дека твитот е уреден.
Овој механизам се очекува да стане пошироко користен. Целта е испраќањето твит да биде помалку стресно отколку што би било кога би помислиле дека не можете да промените нешто во текстот, соопшти Твитер.