Македонија

Уапсен маж од Кичево, пијан и без возачка со возило удрил во бетонска ограда!

Уапсен маж од Кичево, пијан и без возачка со возило удрил во бетонска ограда!
Фото: 4news.mk

На 05.07.2026 во 00:25 часот, на улицата „Душан Јовески“ во Кичево, лишен од слобода е Х.Ш.(42) од Кичево.

Тој, управувајќи патнички автомобил „голф“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во бетонска ограда, а по извршен увид полициските службеници констатирале дека тој немал положено возачки испит и бил под дејство на алкохол со 1,63 промили алкохол во крвта.

По налог на јавен обвинител возилото е одземено и  по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни