Балкан

Уапсен напаѓачот во Хрватска, уби жена, тешко повреди четири лица, запали куќи и автомобили

Уапсен напаѓачот во Хрватска, уби жена, тешко повреди четири лица, запали куќи и автомобили

Утрово во Сисак, Хрватска уапсено е едно лице откако се случи пукање, како што потврдија од полицијата, неколку лица се повредени, а едно лице починало.

По пукањето напаѓачот со часови бил во бегство, а нешто по 1 часот по полноќ бил уапсен.

Во престрелката е убиена 45-годишна жена, додека четири лица се ранети. Лекарска помош им е укажана во Општата болница Сисак, каде е констатирано дека се тешко повредени. Медицинска помош им била укажана на две лица, меѓу кои и едно дете, кои биле полесно повредени додека бегале.

„Човекот кој е поврзан со пукањето во областа Сисак е уапсен, тој е донесен во службените простории на полицијата и против него ќе се води кривична истрага. Во престрелката е убиена 45-годишна жена , додека четири лица се повредени.Им е укажана лекарска помош во Општата болница Сисак каде е констатирано дека се тешко повредени.

При интервенцијата на овој настан со полесни повреди се здобил пожарникар. Медицинска помош им била укажана на две лица, меѓу кои и едно дете, кои биле полесно повредени додека бегале. Во наведениот настан целосно опожарени се две семејни куќи и еден автомобил, а делумно опожарени една куќа и еден автомобил“, соопшти полицијата.

„Кога стигнав таму, видов чад, видов оган, гледам луѓе сите исплашени и ми велат: „Бегај, тој доаѓа, пука во луѓе, гори куќи!“. Ги зедов децата, избегав, ја зедов сопругата и дојдов на безбедно место. Сега се вратив да видам што ќе биде со него и морам да се вратам дома“, рекол еден од сведоците, пренесува Telegram .

„Па, цел живот работев со него, се познаваме, заедно пораснавме, тој е малку постар од мене. Беше малку чуден така, малку психички нестабилен, но токму сега би направил такво нешто…“, додава тој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни