Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција на ПУ за град Белград, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, го уапсија Г.Ѓ. (31).
Г.Ѓ. е осомничен дека на 3 декември во ресторан на улицата Скадарска во Белград испукал неколку истрели од огнено оружје кон четириесет и тригодишен маж и му нанел тешки повреди опасни по живот.
Полицијата го уапсила осомничениот при илегално преминување на државната граница меѓу Србија и Хрватска.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград му е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.
Ovo je pucač koji je pucao u kafani 3 šešira! Snimak ledi krv u žilama pic.twitter.com/bNphhTyXHV
— larakorft (@larakorft1) December 4, 2023
На обидот за убиство му претходела расправија.
„Осомничениот бил со пријателите, на масата имало уште четворица, цело време пиеле, биле гласни,но и агресивни, се однесувале како „шанкот да е нивен“, се расправале со музичарите, барале да им се донесат пијалоци, иако однапред им било кажано дека ресторанот наскоро се затвора и дека тоа е последната „тура“. По некое време повторно им било кажано дека местото е затворено и повеќе не се служат пијалоци, но не сакале да си одат. Обезбедувањето неколку пати ги опоменувало. Осомничениот потоа станал и започнал расправија со Далибор заканувајќи му се. Тој повторно му рекол да излезе од локалот, но извадил пиштол и го застрелал. Сите потоа веднаш побегнале“, вели сведок.
Далибор К. бил итно хоспитализиран во УЗ и бил погоден со три куршуми во стомакот и раката, моментално е во стабилна состојба.
Инаку, Далибор К. е државјанин на Црна Гора.