Полицаецот Немања Ќулум (30) од Бања Лука е уапсен под сомнение дека силувал девојка во Бања Лука, ексклузивно открива Српскаинфо.
Ќулум е член на Управата за обезбедување на лица и објекти на МУП на Српска и подолго време е на боледување.
Изворот на Српскаинфо објаснува дека ова не е првпат Ќулум да биде уапсен, а претходно бил приведен поради нанесување лесни и тешки телесни повреди.
Повредената девојка синоќа пријавила во полиција дека Ќулум ја силувал и веднаш била покрената голема истрага.
Ќулум набрзо е пронајден и уапсен, а од синоќа се води кривична истрага во полициската управа во Бањалука“, вели изворот на Српскаинфо.
По кривичната истрага на полицијата, Ќулум денеска ќе биде предаден на Окружното јавно обвинителство во Бања Лука.
Да потсетиме, Ќулум и минатата година беше уапсен под сомнение дека учествувал во тепачка пред ноќниот клуб „Престиж“ во која беше претепан малолетник.
Тој по оваа тепачка е суспендиран, а според нашите информации повеќе од една година е на боледување.
