Кинеската полиција соопшти дека познатиот канадски пејач и актер со кинеско потекло Крис Ву е уапсен под сомнение за силување.
Од таму велат дека една студентка од Кина минатата недела го тужела пејачот затоа што ја силувал кога имала 17 години, а нејзиното обвинение предизвика големо медиумско внимание и незадоволство на кинеските социјални мрежи, додека пак луксузните брендови одлучија да ги раскинат договорите со пејачот.
„30-годишниот Ву Јифан е во притвор во Пекинг под сомнение за силување“, соопшти полицијата.
Ву е поранешен член на кинеско-јужнокорејската група „ЕКСО“, која ја напушти во 2014 година и започна соло кариера како актер, пејач и фото-модел.
Тој потпиша договори со луксузни куќи како Луј Витон, Булгари, Ланка и Лореал, а неговото лице е присутно во разни реклами низ Кина.
Пејачот го отфрли ова обвинување.
