Македонија

Уапсен скопјанец кој избегал од затвор – осуден на девет години и еден месец

Уапсен скопјанец кој избегал од затвор – осуден на девет години и еден месец

На 29.10.2025 околу 20:00 часот на ул. „Воденска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.А. (32) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд поради бегство од затвор.

Ф.А. е осуден на казна затвор од девет години и еден месец за сторени кривични дела по чл. 215, 236 и 418 од Кривичниот законик, а за доиздржување има шест години и 14 дена.

Лицето е предадено на надлежната казнено поправна установа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни