Балкан

Уапсен тинејџерот од Белград кој избоде двајца малолетници во Караѓорѓева

Уапсен тинејџерот од Белград кој избоде двајца малолетници во Караѓорѓева

Полицијата во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград го уапси малолетникот К.Н. (16) поради сомнение дека во неделата околу 23 часот со нож избодел двајца малолетници, јавува „Телеграф.рс“.

Според тие информации, тој бил на распит во Одделот за малолетници и одредена му е мерка притвор до 30 дена.

Лекарите во Ургентниот центар се борат за животот на млад човек кој бил прободен со нож во пределот на вратот и градниот кош, додека неговиот пријател бил примен со две убодни рани во раката.

Како што објави „Телеграф.рс“, на улицата Караѓорѓева биле нападнати двајца соборци. Едниот од малолетниците имал факел во раката, а другиот нож.

„Кавгата и тепачката меѓу малолетници започна во трамвај. Конфликтот продолжил на улица. К.Н. избегал по обидот за убиство на двајца малолетници. Но, полицијата набрзо го уапсила и тој и неговиот татко биле на распит во обвинителството. Поради тешкото кривично дело за кое се товари е приведен“, вели соговорник близок до истрагата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни