УАПСЕНИ 30 ЛИЦА ЗА НЕРЕДOT ПРЕД СОБРАНИЕТО ВО БЕЛГРАД! Неколку полицајци се повредени

Вечерва започна протестот на опозициската листа „Србија против насилството“ пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), каде набрзо избија бројни инциденти. Според последните информации, 30 лица се уапсени поради синоќешните нереди, а неколку полицајци се повредени, објави српската премиерка Ана Брнабиќ во емисијата „Хит твит“ на телевизијата „Пинк“.

Да потсетиме, искршени се вратите и прозорците на градското собрание, фрлен е солзавец, а набрзо и димна бомба. Тогаш говореше претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој рече дека „не се случува револуција“, а околу 21:50 часот полицискиот кордон ги растера насобраните демонстранти.