Уапсени двајца браќа дилери на дрога во Кичевско, кај нив пронајдена и голема количина на пари

МВР синоќа спровела и полициска акција во Кичево, каде што биле уапсени двајца браќа – дилери на дрога. Најпрво било сопрено нивното возило во центарот на Кичево, а потоа бил извршен претрес во нивниот дом, при што биле пронајдени поголеми количини на разни дроги, пари и вага, соопшти Сузана Праниќ Талевска на прес-конференција.

Се вчитува...

„Во текот на вчерашниот ден, одделот за криминалистичка полиција одделот за јавна безбедност, во соработка со одделот за специјални полицски операции и полициски службеници од СВР Охрид и ОВР Кичево, во рамки на оперативна акција, превзедоа мерки за лишење од слобода на дилери на дрога од Кичево.

Во вечерните часови во центарот на Кичево, запрено е патничко возило „Ауди“, каде што како возач бил С.А. а како совозач неговиот брат А.А.

При извршениот преглед најдени се пакувања марихуана, поголем износ на парични средства и нож.

По претходна издадена наредба од судија на претходна постапка од Судот во Кичево, извршен е претрес и во нивниот дом, и најдени се: кокаин, хероин, марихуана, вага за мерење и големи износ на парични средства, за кои се претпоставува дека се од продажба на наркотичните средства.

Покрај ова, против С.А и А. А. во изминатиот период се поднесени кривични пријави за закани по граѓани и полициски службеници. Против овие лица ќе биде побаран притвор.“, рече Праниќ-Талевска.

.

Извор: ТВ21