Уапсени полицајци во Хрватска: Силувале жена која ја познавале од поодамна

Како што соопшти денеска Полициското одделение во хрватското гратче Сењ, двајца полицајци од тоа полициско одделение се приведени поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело силување. Против нив полицијата заврши кривична истрага и против нив е поднесена кривична пријава, се наведува во соопштението.

Како што неофицијално дознава N1, силувањето го пријавила жена која од порано ја познаваат и двајцата полицајци.

Во соопштението до медиумите полицијата наведува дека „не може да соопшти повеќе информации за наведениот настан“ и „се со цел да се заштити жртвата на кривично дело од секундарна виктимизација“.

Тие денеска ќе бидат отстранети од должност

Поради сомнение дека сториле тешка повреда на службената должност, се спроведува постапката за утврдување на нивна дисциплинска одговорност и дека денеска ќе бидат отстранети од должност, соопштија од полицијата.

Во соопштението до медиумите, полицијата наведува дека МВР, како и СВР Лика-Сењ, имаат нулта стапка на толеранција за каква било форма на злоупотреба врз жените и најостро го осудуваат ваквото однесување.

Донекаде нè смирува фактот што оштетената ја задржала довербата во полицијата и случајот го пријавила во Полициската управа Лика-Сењ, по што се преземени сите неопходни мерки и криминалистички дејствија“, се вели во полициското соопштение.

„Иако сторителите се уапсени и против нив е поднесена кривична пријава, ваквото изолирано однесување на поединци предизвика огромна штета на сите припадници на полицијата кои професионално и одговорно ја вршат својата работа за доброто на сите наши сограѓани“, се заклучува во полициското соопштение.