Свет

Уапсениот крал на крипто се изјасни дека не е виновен за сериозните обвиненија

Уапсениот крал на крипто се изјасни дека не е виновен за сериозните обвиненија

Основачот на неуспешната крипто берза FTX, Сем Банкмен-Фрид, се изјасни за невин по обвиненијата дека ги измамил инвеститорите на неговата платформа. Окружниот суд во Њујорк ги слушна првите тврдења за случајот и најави дека тој всушност ќе започне на 2 октомври.

Според обвинителството, Банхам-Фрид успеал да изврши „епска финансиска измама“.

30-годишниот поранешен милијардер се соочува со осум обвиненија, вклучувајќи заговор за перење пари и кршење на законите за финансирање на приватни компании. Накратко, поранешниот крипто-крал е обвинет за кражба на пари од клиенти на FTX за да финансира друга негова проблематична компанија. Токму преку неа купил десетици недвижнини и направил милионски донации за Демократската партија во САД.

Обвинителите во случајот велат дека имаат мноштво докази за поддршка на обвиненијата и дека во следните неколку недели ќе му предадат на судот стотици илјади страници.

Двајца од врвните менаџери на компанијата веќе ја признаа вината и најверојатно ќе соработуваат со обвинителите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни