Свет

Убиен уште еден руски тајкун – го прегази „лада нива“

Убиен уште еден руски тајкун – го прегази „лада нива“

Магомед Абдулаев, поранешниот шеф на рускиот регион Дагестан, загина во сообраќајна несреќа. Тоа е последниот случај на мистериозна смрт на луѓе кои биле блиски до режимот на рускиот претседател Владимир Путин.

Магомед Абдулаев, поранешниот премиер на руската област Дагестан, загина откако на него налета Лада нива управувана од маж (55) во Махачкала, главниот град на регионот.

Руските медиуми јавуваат дека споменатиот тајкун минувал на обележан пешачки премин, а службата за односи со јавност на МВР ја потврдила неговата смрт, објави Постсен.

„Како последица на несреќата во болница е пренесен пешакот, жител на градот (61). Таму починал од тешки повреди“, се вели во соопштението на Министерството.

Абдулаев е последниот во долгата низа истакнати луѓе блиски до режимот на Владимир Путин, кои загинаа под сомнителни околности од почетокот на војната во Украина.

Руските медиуми пишуваат дека тој бил близок пријател на поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев, еден од најрадикалните луѓе во кругот на Путин. Абдулаев беше на чело на Дагестан од 2010 до 2013 година, кога Медведев беше претседател на Русија, бидејќи Путин не можеше да добие уште еден претседателски мандат според рускиот устав.

Освен тоа, Абдулаев и Медведев се познавале уште од студентските денови на државниот универзитет во Санкт Петербург. Како и Медведев, Абдулаев беше голем поддржувач на руската инвазија на Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни