Балкан

„Убијци“ – Масовен протест на учениците и студентите во Атина за железничката несреќа

„Убијци“ – Масовен протест на учениците и студентите во Атина за железничката несреќа

Со едноминутен молк и 57 црни балони пуштени во воздух, илјадници ученици и студенти пред грчкиот Парламент им оддадоа почит на загинатите 57 лица во железничката несреќа кај месноста Темпи што се случи во вторникот навечер.

Учениците и студентите одржаа мирен и масовен протест во Атина што заврши пред зградата на компанијата „Hellenic train“, каде што напишаа „Убијци“ и „Профит обоен со крвта на студентите“, што воедно беа и нивните слогани и подигнаа црно платно.

Додека маршираа низ улиците во Атина, во еден гласа скандираа „Пиши кога ќе стигнеш, но никогаш не стигна, ќе се одмаздиме за тебе“, а паралелно на бели балони го имаа испишано бројот на загинати (57) и коментар „57 билети за смрт“.

Демонстрантите коментираа дека денешниот протест има особена тежина и поради фактот што поголемиот дел од загинатите се млади луѓе, студенти, на нивна возраст.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни