31-годишна жена денеска била убиена од нејзиниот 33-годишен сопруг во населбата Баир во Битола.
Според информациите, убиецот е лишен од слобода.
„Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А. Р. (33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А. В. (31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.