Македонија

Учебниците ќе стигнат на почетокот на месец ноември, вели Шаќири

Учебниците ќе стигнат на почетокот на месец ноември, вели Шаќири

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека до почетокот на ноември учениците од прво, второ, четврто и петто одделение мора да бидат снабдени со учебници.

„Очекуваме до крајот на октомври, почетокот на ноември да добијат учебници учениците од прво, второ, четврто и петто одделение“, вели Шаќири.

Тој зборува и за тоа како да се надмине проблемот со недостиг на наставен кадар.

„Оваа дискусија е отворена и заедно со Синдикатот за образование и наука (СОНК), со кој имаме добра соработка, имавме и преговори, имавме дискусија и за поголеми плати, исто така е побарано решение за наставниот кадар“, додава Шаќири.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни