Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, раководителот д-р Драгана Черних, д-р Катерина Дрогрешка и Љубчо Јованов, остварија работна средба со Градоначалникот на Општина Дебар д-р Хекуран Дука.
Договорена е идна соработка за едукација на учениците од двете основните училишта, едно средно училиште и градинките, како и за врабоените од Општината и други организации кои се под нејзина надлежност.
Остварена е средба со директорите на основните училишта „Саид Најдени“ и „Ристе Ристески“, Бурим Казиу и Шанија Ајровски, претставник на градинките Анила Еребара и со одговорната во одделението за образование од Општината Армира Шарку.
Серијата едукативни предавања која се предвидува, ќе ги опфати сите ученици од училиштата преку кои илустративно, на забавен начин ќе се запознаат со опасностите со кои може да се соочат од природната појава земјотрес, начинот на кој можат да се подготват и заштитат од истата за што е изработен едукативен материјал, како флаери, постери и прирачник, и боенки за најмалите.
Исто така се предвидуваат едукативни предавања и практични вежби за наставниот кадар за организирање на учениците и спроведување на евакуациониот план на училиштето за време на земјотрес