Вчера околу 7 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Церовски мост, патничко возило „Опел корса“ со гостиварски регистерки таблици, што го управувал 50-годишниот гостиварец Г.Г, од докрај неутврдени причини загубило контрола, удрило во карпа и се превртело на покрив.
Повредениот возач пренесен е во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
Се вчитува...
По извршениот увид се утврдува причината за излетувањето на возилото и другите околности.
