Се собраа пред Основното училиште во Арачиново за да го искажат својот револт поради транспортот на децата. Родителите на учениците од училиштето „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ од селото Брњарци се принудени да пешачат по 2км, а она што најмногу ги загрижува родителите е безбедноста на нивните деца.
Директорот на училиштето „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ во Арачиново, Азем Хакиу, вели дека веќе доставил барање за превоз на учениците.
Директорот Хакиу ветува дека ќе се потруди да им обезбеди превоз на децата од селото Брњарци. Но, додека не се изнајде решение за овие ученици,тие ќе продолжат да пешачат по 2 километри за да стигнат до училиште.
