Ватерполо репрезентацијата на Србија се пласираше во финалето на Олимписките игри.
По драмата и пресвртот, српската селекција ја совлада Шпанија со 10: 9 со голот на капитенот Филип Филиповиќ.
Ова ги инспирираше фановите од еден угостителски објект во Бања Лука да објават на својот Инстаграм профил дека сите ватерполисти на Србија имаат бесплатни пијачки во кафана до крајот на животот.
„Ватерполистите на Србија повторно покажаа како се игра за својата земја, како се брани честа на српскиот народ и како до последен момент, се гине за Србија. Со години се најголема гордост на нашиот спорт и толку пати не направија среќни што ова е најмалку што можеме да направиме за нив. Би ни било чест доколку барем некој од нив еден ден дојде во нашата кафана, а по повод оваа прилика ги покануваме сите, и ватерполистите и комплетниот стручен штаб, после Токио да дојдат кај нас да славиме до раните утрински часови. Нека знаат дека Бања Лука и Република Српска со цело срце се покрај нив“, истакнал сопственикот на објектот.
