Македонија

УХМР со информација каде наврна најмногу дожд вчера

УХМР со информација каде наврна најмногу дожд вчера

Нестабилното време продолжува и денеска, а метеоролозите предупредуваат дека во попладневните часови повторно се очекуваат локални процеси со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места постои можност за пообилни врнежи и појава на град.

Во изминатите 24 часа, заклучно со 08:00 часот, најмногу дожд наврнал во Битола, каде се измерени 18 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Демир Капија се измерени седум литри дожд на квадратен метар, во Маврови Анови четири, во Гевгелија три, додека во Лазарополе и Тополчани по еден литар на квадратен метар.

Според прогнозата на УХМР, попладнево поради атмосферската нестабилност ќе има услови за развој на локални невремиња со пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

На одделни места процесите може да бидат поизразени, со пообилни врнежи и можност за град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а дневната температура ќе се движи од 25 до 31 степен Целзиусов.

Во Скопје, во попладневните часови во делови од котлината се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 31 степен, соопшти УХМР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни