Украден багер од автопат: Сега е пронајден, еве каде крадците ја однеле машината

Градежна машина на фирма од Пожега која се занимавала со изградба на автопат и која била украдена синоќа во Лучани, денеска е пронајдена во Суботица.

Според неофицијални информации, багерот го украле работници на градежна компанија од Мионица.

Со брза акција на полицијата градежната машина е пронајдена во добра состојба во Суботица и вратена на сопствениците, пишува Глас западне Србија.

Инаку, оваа вест на социјалните мрежи ја сподели операторот на оваа машина по кражбата.

Случајот бил пријавен во полиција која се обидува да им влезе во трага на крадците.

Како што велат мештаните, не виделе ништо сомнително.

Претпоставките се дека сторителите во текот на ноќта го натовариле багерот на камионот.