Свет

Украина: Деца загинаа во руско гранатирање на станбени блокови

Украина: Деца загинаа во руско гранатирање на станбени блокови
Три лица, од кои две деца, се убиени во напад на станбен блок во источниот град Рубижне, изјави началникот на воената управа во Луганск, пренесува Би-Би-Си. „Трагедијата се случи во вечерните часови, кога руската армија го засили гранатирањето. На петтиот кат експлодира граната“, изјави Серхи Хаидаи, додавајќи дека пожар избувнал во бизнис и образовна институција. Регионот Луганск е една од клучните цели на руската армија бидејќи се обидува да ги освои источните области кои не беа заземени од сепаратистите поддржани од Русија во војната што започна во 2014 година. За време на викендот, Хаидаи рече дека повеќе од 60 цивили биле убиени во регионот од почетокот на инвазијата на 24 февруари. Еден од најтешко погодените градови е Северодонецк, област во Луганск, а регионалниот воен шеф рече дека е договорен коридор за евакуација и за тој град и за Рубижне, но тој ги предупредува луѓето кои се обидуваат да заминат на опасност од дополнително гранатирање.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни