Свет

Украина: И заменик-шефот на АЕЦ Запорожје го нема

Украина: И заменик-шефот на АЕЦ Запорожје го нема

Украинската компанија „Енергоатом“ соопшти дека заменик директорот на нуклеарната централа Запорожје бил киднапиран од руските сили, пренесува Ројтерс.

Според информациите, тој е однесен и оттогаш се води како исчезнат. На почетокот на месецот беше приведен и директорот на штабот Ихор Мурашов, а нема информации каде се наоѓа.

По најавената анексија на украинските територии Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, и најголемата електрана беше прогласена за руска сопственост.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни