Свет

Украина ја повикува Франција да ја докаже својата љубов со оружје

Украина ја повикува Франција да ја докаже својата љубов со оружје

Украинското Министерство за одбрана објави видео на социјалните мрежи со цел да и се даде на Франција нежен поттик да ја покаже својата љубов преку снабдување со оружје, по постојаните критики дека Париз не прави доволно , пишува Ројтерс.

Снимката од 41 секунда на Твитер доаѓа неколку часа откако на состанокот на францускиот безбедносен кабинет, чиј домаќин беше претседателот Емануел Макрон, беше одлучено дека Франција презела нови мерки за „воена поддршка на Украина“ по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Париз му испрати на Киев главно хаубици Цезар , преносни системи за противвоздушна одбрана и тешки оклопни возила.

Но, бранот напади врз украинските градови ги зголеми влоговите, а Украина побара од своите партнери повеќе резерви на оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана, нешто што Париз досега не сакаше да го направи.

Денешното видео и дава до знаење на Франција дека Украина сака повеќе од зборови и ветувања.

Романтичните гестови имаат многу облици“, стои во пораката во видеото.

На звукот на класичната песна „Je t’aime moi non plus“ (Те сакам…, ниту јас) од Серж Генсбур, следат разни слики – љубовници фатени за рака во Париз, чоколади, рози и Макрон насмеан со Зеленски . Сите со француски хаубици во акција на бојното поле.

„Но, ако навистина сакате да ги освоите нашите срца,… ништо не се споредува со тешката самоодна артилерија од 155 мм… Ви благодариме многу, Франција. Ве молиме испратете ни повеќе!“ , апелира клипот.

Француското Министерство за одбрана вчера објави дека ја засилува поддршката за источниот фронт на НАТО со испраќање повеќе тенкови во Романија, борбени авиони Рафал во Литванија и пешадија во Естонија. Сепак, ништо не беше споменато за Украина.

Франција има систем за одбрана земја-воздух SAMP/T (Mamba), но не е јасно колку од нив може да обезбеди. Таа распореди еден таков систем во Романија во мај.

Не добивме никаков одговор од Франција на нашите барања за ова прашање, изјави украинскиот амбасадор во Франција Вадим Омелченко.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни