Свет

Украинската армија тврди дека воспоставила контрола врз градот Припјат

Украинската армија тврди дека воспоставила контрола врз градот Припјат

Украинската армија соопшти дека повторно презела контрола врз градот Припјат и врз дел од граничната област помеѓу Украина и Белорусија.

Припјат е напуштен град по нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година.

Руските сили ја презедоа контролата врз централата во Чернобил на почетокот на инвазијата, но оваа недела се повлекоа и официјално ја вратија контролата врз локацијата на украинскиот персонал.

Украинската државна енергетска компанија „Енергоатом“ соопшти дека руските војници брзо се повлекле бидејќи страдале од радијациска болест поради копање ровови во контаминирана почва.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни