Свет

Украинците ќе мора да ги трпат прекините на струја барем до крајот на март

Украинците ќе мора да ги трпат прекините на струја барем до крајот на март

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика своите сонародници да ја ограничат потрошувачката на електрична енергија, објави Ројтерс.

Агенцијата истакна дека ова дојде во време кога Украина се обидува да се опорави од руските удари врз нејзината енергетска инфраструктура. Наспроти ова, постарите и ранливите луѓе се подготвуваат за доброволна евакуација од Керсон. Разурнатиот од војна јужниот град, во кој украинската армија влезе на 11 ноември по повлекувањето на руските вооружени сили, речиси нема струја и вода за пиење.
Украинците најверојатно ќе мора да ги трпат дневните прекини на струја низ земјата барем до крајот на март, предвиде вчера шефот на еден голем приватен снабдувач со електрична енергија.

Повеќе од 950 илјади претплатници беа исклучени од мрежата во понеделникот. За денеска се планирани нови исклучувања, предупреди државниот електро-систем оператор „Укренерго“.

Во последниве недели Русија изврши ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина. Како резултат на тоа, милиони луѓе останаа без електрична енергија поради почетокот на зимата и температурата паѓа под нулата, забележува Ројтерс.

Половина од енергетската инфраструктура на Украина не е во функција, рече Зеленски.

Во своето традиционално вечерно видео обраќање, украинскиот претседател ги повика своите сонародници да штедат електрична енергија, особено во тешко погодените области како што се главниот град Киев, Суми на север, Виница на југозапад и Одеса на Црното Море.

„Системската штета на нашиот енергетски систем од ударите на руските терористи е толку значајна што сите наши луѓе и компании треба да бидат свесни и да ја прераспределат својата потрошувачка во текот на денот. Обидете се да ја ограничите вашата лична потрошувачка на електрична енергија“, им се обрати украинскиот претседател на своите сонародници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни