Украинците настапија во големото финале на Евровизија вечерва на 12.
Публиката цело време аплаудираше со нив, а на крајот добија уште еден громогласен аплауз.
„Ве молам, направете се за да и помогнете на Украина. Помогнете му на Мариупол. Веднаш да го спасите Азовстал“, изјави фронтменот на бендот по настапот.
Инаку, Украинците се уште се први во обложувалниците и многумина им предвидуваат победа на овогодинешниот Евросонг. По повод вечерашната Евровизија, говореше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
