Вестите за првите успешни масовни евакуации на цивили од опколените градови будно ги следат Украинците кои веќе ја напуштиле земјата, како и оние кои се внатрешно раселени, но се уште се во Украина.
Двата милиони Украинци кои ја напуштија земјата веќе сочинуваат половина од 4-те милиони што агенцијата за бегалци на ОН првично процени дека би можеле да се обидат да ја напуштат.
Огромната брзина со која се случува ова ги тестира ресурсите и организациониот капацитет на петте земји на западната граница на Украина.
Барем засега, благодарение на работата на локалните власти, хуманитарните организации и великодушноста на населението, напорите за помош во централна Европа се импресивни.