Свет

Улична пресметка: Македонец тешко повреден по напад со нож во Германија

Улична пресметка: Македонец тешко повреден по напад со нож во Германија

Во саботата наутро, во близина на градскиот плоштад во Бад Зегеберг, Германија, дојде до жестока пресметка меѓу две групи во која со нож беше тешко повреден 24-годишен македонски државјанин.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил околу 04:20 часот утрото во улицата „Кирхштрасе“. Расправијата која започнала вербално , брзо прераснала во физичка пресметка. За време на тепачката, 23-годишен жител на Бад Зегеберг со германско државјанство употребил нож, при што му нанесе тешки повреди на 24-годишниот Македонец, а повредил и 23-годишен ирачки државјанин.

Случајните минувачи и лицата кои први притекнале на помош му укажале прва помош на тешко повредениот Македонец и се обиделе да го запрaт крвавењето. По пристигнувањето, полициските службеници ја презеле итна медицинска грижа користејќи подврскa, со што успешно го сопреле крвавењето. Момчето со возило на итна помош било пренесено во болница каде што уште истото утро било итно оперирано. Повредата првично била сфатена како опасна по живот, но по операцијата лекарите потврдија дека тој е во вонживотна опасност.

По нападот, три лица, меѓу кои и главниот осомничен, побегнале со автомобил. Тие подоцна биле пронајдени во локална клиника и привремено уапсени. Се работи за 23-годишниот напаѓач и уште двајца Германци на возраст од 22 и 23 години. Сите тројца имале полесни повреди од тепачката.

По наредба на Обвинителството во Кил, од петмина учесници во инцидентот биле земени примероци од крв. Сепак, по завршувањето на полициските постапки и идентификувањето, Обвинителството наредило мажите да бидат пуштени да се бранат од слобода.

Криминалистичката полиција од Бад Зегеберг ја води истрагата за случајот и апелира до сите граѓани кои биле сведоци или имаат информации за настанот, да се јават во полициската станица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни