Македонија

УНХЦР: Успеавме, Валентин Ракип е македонски државјанин! – „Во државата има најмалку 700 лица со слична судбина“

УНХЦР: Успеавме, Валентин Ракип е македонски државјанин! – „Во државата има најмалку 700 лица со слична судбина“

Од УНХЦР денеска на својот Фејсбук профил објавија дека успеале.

„Валентин Ракип е македонски државјанин! Со извод, со матичен број, со државјанство! Бездржавјанството е засекогаш зад него! Голема благодарност и искрени честитки до нашите партнери од Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association @myla_mzmp за нивната пожртвуваност и експертиза кои со години се бореа и направија комплексниот случај на Валентин конечно да го добие посакуваниот крај“, пишуваат тие.

Од таму се додава дека мораме да запомниме дека не е само Валентин и не се само неговите браќа и сестри кои чекаат на ред да добијат признавање на идентитетот и државјанство.

„Во државата има најмалку 700 лица со слична судбина, кои немаат пристап до речиси ниедно нивно право. Остануваме еднакво посветени да го решиме секој еден случај на лицата без државјанство и сме сè поуверени дека бездржавјанството тука може да се искорени системски и пред рокот кој глобално го зацртавме за 2024 година. Драг Валентин, Ти честитаме и се радуваме со тебе!“, напишаа тие.

Фото: УНХЦР/Роберт Атанасовски

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни