Свет

Уништени се 250 метри од Северен тек 1

Уништени се 250 метри од Северен тек 1

Дел од гасоводот Северен тек 1, долг околу 250 метри, е „уништен“, пренесе АФП, повикувајќи се на соопштение на Северен тек АГ.

„Кратери длабоки три до пет метри се пронајдени на морското дно на оддалеченост од околу 248 метри“ долж гасоводот „Северен тек 1“, се вели во соопштението на операторот.

„Одделот на цевката меѓу кратерите е уништен“, се додава во пораката.

На крајот на септември се појавија четири истекувања на гасоводите „Северен тек 1“ и „2“ во Балтичкото Море во близина на брегот на данскиот остров Борнхолм.

Иако истекувањата беа во меѓународни води, две од нив беа во данската ексклузивна економска зона и две во Шведска.

На почетокот на октомври шведските власти објавија дека извршиле подводна проверка на локацијата и дека ги потврдиле сомнежите за саботажа.

Иако цевководите не беа во употреба во моментот на истекувањето, и двата цевководи сè уште содржеа гас кој низ водата избега во атмосферата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни