Македонија

Универзитетите ги нема на Шангајската листа – „Незрели министри, но и цела политичка класа“, вели Лека

Академиците загрижени за слабото рангирање на домашните универзитети на Шангајската листа. Универзитетскиот професор, Агим Лека, вели дека лоша вест е да се види како универзитетите на Северна Македонија не се ниту во првите 1000. Аламрот е вклучен и политичарите да се освестат и да преземат мерки за консолидација на високото образование во Македонија.

Како една од причините поради која високото образовани е во ваква состојба, според Лека, е и поставувањето на некомпетентните лица на чело на образовните институции. Министрите за образование биле незрели а и целата политичка класа, смета Лека.

Македонските универзитети и годинава не се во првите 1000 на највлијателната Шангајската листа. Според светската листа, Универзитетот Кирил и Методиј е  рангиран на 1.569 место, a штипскиот Гоце Делчев е на 3.279 место, Универзитетот на Југоисточна Европа е на 3.881 место, Тетовскиот универзитет на 4.912 место, а битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ е на 5.697 место.

Од соседството најдобро позициониран е  Националниот универзитет во Атина меѓу 300 и 400 место, а Солунскиот „Аристотел“, Белградскиот и Загрепскиот се меѓу 400 и 500 место, универзитетот на Љубљана е меѓу 500 и 600 место и на Марибор и Сплит меѓу 700 и 800 место.

Седумнаесета година по ред прв е Универзитетот Харвард, на второ место е Стенфорд од САД и на трето место е британскиот Кембриџ.

За да бидат дел од оваа листа, универзитетите треба да исполнат низа критериуми како научни трудови објавени на меѓународно ниво, бројот на добитници на Нобелови награди и филдсови медали.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни