„Украинците храбро се борат бидејќи точно знаат каква иднина сакаат. Тие сакаат членство во ЕУ и мислам дека не е само во наш страшен интерес, туку и во наша морална обврска да им помогнеме да влезат во ЕУ“, рече Лајен.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ ќе направи се што е во нејзина моќ Украинците повторно да бидат господари на нивната иднина.
Таа оцени дека поддршката за Украина на патот кон членството во ЕУ не е „терет, туку историска одговорност“ на Унијата.