Проширувањето на ЕУ е и останува процес базиран на заслуги, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на брифинг за време на нејзината посета на бугарската фабриката за инженерство ВАЗ – Сопот.
Постојат јасни барања и подобрувања што треба да се постигнат. Секој кандидат ќе биде оценет според неговите заслуги и ова е исклучително важно и за процесот и за Унијата, истакна претседателката на ЕК. Проширувањето бара време, но е од суштинско значење Европејците, за регионалната безбедност и стабилност, да работат напорно за успешен процес на проширување, истакна и Урсула фон дер Лајен. Сите знаеме дека успешното проширување е во интерес на ЕУ, бидејќи поголема ЕУ е поконкурентна, побезбедна и има посилен глас во светот, коментираше таа.
