Уште еден Србин уапсен на Косово; Медиуми: Полицијата беше брутална

Уште еден Србин уапсен на Косово, јавува РТС.

Според информациите, Драгиша Миленковиќ од околината на Грачаница е уапсен под обвинение за воени злосторства, потврди за РТС семејството на уапсениот. Велат и дека полицајците биле брутални при апсењето.

„Косово онлајн“ пренесува дека Миленковиќ (51) бил уапсен нешто по 10 часот, а во апсењето учествувале и припадници на Специјалната единица за криминал на косовската полиција.