Македонија

Уште една трагедија во Македонија: Загина возач кај селото Облешево

Уште една трагедија во Македонија: Загина возач кај селото Облешево

Во сообраќајна несреќа што се случи кај селото Облешево во општина Чешиново-Облешево загина возач, откако возилото излетало надвор од коловозот. Идентитетот на починатиот сè уште се утврдува.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека несреќата е пријавена во СВР Штип денеска во 09:43 часот. Според пријавата, патничко возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки излетало од патот, а на местото бил пронајден починатиот возач. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Во тек е увид на местото на несреќата, а полицијата презема мерки за целосно утврдување на идентитетот на возачот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни