Балкан

Уште една жртва од невремето во Србија! Маж фатил со голи раце кабел, доживеал струен удар

Уште една жртва од невремето во Србија! Маж фатил со голи раце кабел, доживеал струен удар

Маж од Бачка Паланка е жртва на невремето што синоќа ја зафати Србија. Несреќата се случила ноќеска околу 1:30 часот на улицата Цара Лазара во Бачка Паланка, кога маж (66) излегол од куќата и во дворот со раце го фатил електричниот кабел, каде потоа настрадал од струен удар.

Неговата сопруга излегла од куќата и го видела како лежи, повикала брза помош, но мажот не можел да се спаси.

Повредено е и едно дете

Итната помош во Нови Сад имала 25 интервенции за време на невремето, а кога станува збор за починатото момче (11), Зоран Круљ, портпаролот на итната помош изјавил дека се работи за струен удар. „ Добивме повик во улицата Вук Мандушиќ, за 11-годишно момче кое добило струен удар.

Екипите реагираа според прв приоритет, беа спроведени мерки за кардиопулмонална реанимација, но момчето им подлегна на повредите и почина“, изјави д-р Крул.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни