Усвоен третиот нацрт-амандман

Расправата за нацрт амандманите продолжи денеска во Собранието на Република Македонија. За власта договорот со Грција е најдобро договорен, а за опозицијата непотребен со низа еднострани одлуки за Македонија.

Зошто Македонија мора да гарантира преку Уставот дека нема територијални претензии кон соседите кога се знае дека сме мала држава со мирољубив народ. Дали грците ќе го менуваат уставот за да ни гарантираат неповредливост на границите прашува опозицијата.

Во уставната комисија треба да се разгледа и четвртиот амандман, па потоа да се премине на гласање на пленарна седница.