Усвоија целите на способности за РСМ – НАТО го зацрта правецот по кој ќе се развива нашата Армија

Целите на способности, посочуваат, го покажуваат правецот во кој ќе се развиваат силите и капацитетите на НАТО-армиите. Тие се дел од планирачкиот процес на Алијансата и земјите – членки и нивна основна задача е да ја зацврстат колективната одбрана на НАТО.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која првпат откако С Македонија стана членка на Алијансата лично присуствува на министерски состанок, објави дека Северноатлантскиот совет ги усвои целите на способности за Северна Македонија, кои го покажуваат правецот по кој ќе се развива Армијата.

– Овој процес овозможува земјите – членки меѓусебно да се поддржуваат и помагаат во справувањето со идните предизвици, особено имајќи предвид дека секоја земја развива специфични капацитети, кои заедно ја прават Алијансата поцврста и поспремна да ја гарантира безбедноста и стабилноста на евроатлантската област, наведуваат од Министерството.

На маргините на овие состаноци, министерката Радмила Шекеринска остварила бројни средби со министрите од сојузничките земји на кои била потврдена заложбата за развој на меѓусебните билатерални одбранбени односи. Шекеринска во Брисел, се сретнала и со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино каде ја пренела пораката дека Македонија испорача резултати и дека е потребно Унијата час поскоро да го отвори патот кон полноправно членство.

Пред почетокот на состаноците на Северноатлантскиот совет, министерката учествувала на церемонијата за именување на централната раскрсница во Врховната команда на сојузничките сили во Монс – „Скопје“, со што нашиот главен град се приклучи на традицијата на именување на улици во оваа Команда според НАТО престолнините. 

Поврзани вести

Британските медиуми го вброија Бихаќ меѓу најубавите градови во Европа

Британскиот магазин Тајм Аут пред крајот на годината и во пресрет на новата туристичка сезона состави листа на најубави европски градови како препорака за патување во текот на 2022 година, а една...

Со државна церемонија беше оддадена почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија и им беа предадени на семејствата

Со државно-воена церемонија, денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје беше организиран пречек на посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа на 23 ноември во Република Бугарија. Посмртните останки...

Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Во седиштето на СДСМ денеска кандидатура за претседател на партијата поднесе Јован Деспотовски. Рокот за доставување кандидатури истекува денеска во 16 часот, по што утре Централната изборна комисија ќе...

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19:

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...