Утре е повторно петок 13-ти, втор месец по ред оваа година, ден кој многумина го сметаат за „несреќен“. Стравот од овој датум има и свое стручно име – параскевидекатриафобија.
Иако се верува дека потекнува од 13 гости на Тајната вечера или уапсените витези Темплари, реалноста е дека петок 13-ти предизвикува зголемена внимателност кај луѓето, а статистиките покажуваат и помалку сообраќајни несреќи на овој ден.
За да се избегне „малер“, се советува: поздравете се со црната мачка, не минувајте под скали, внимавајте на огледалата и одржувајте ред дома.
На крајот, петок 13-ти е само уште еден петок и вовед во викендот, ден за завршување на обврски и планирање одмор. Оваа година ќе имаме уште еден петок 13-ти во ноември, што е максимум што една година може да го има.
