Утре го прославуваме Свети Евтихиј: Доколку ви претстои важна животна одлука, задолжително направете го ОВА

Македонската православна црква и верниците утре го слават денот посветен на Свети Евтихиј, патријарх Цариградски.

Кога бил мал, си играл со другарите пишувајќи ги нивните имиња на карпа, а под занимањето што го прават во животот. Кога дошол на ред, еднаш до своето име напишал патријарх Евтихиј.

Се вчитува...

На триесет години станал игумен на еден манастир во Амасија. Кога наполнил 40 години, митрополитот Амасиј го испратил на Петтиот вселенски собор и таму се покажал во најдобро светло, а царот Јустинијан побарал совет од него.

Сите го сакаа поради неговата добрина и делата што ги правеше, па го направија патријарх.

Се верува дека луѓето кои денес се соочени со важна одлука дефинитивно треба да одат во црква и да му се молат на овој светец кој ќе им помогне да донесат правилна одлука, со молитвата:

„Вистината на работата, објави ја на своето стадо како правило на верата, модел на кротост и учител на самоограничување, затоа со смирението си стекнал високи почести, а преку сиромаштија богатство: оче Евтихиј, моли се на Христа Бога да ги спаси нашите души“.